| четврток, 6 декември 2018 |

Марихуаната поопасна од кога и да е

Една од најголемите заблуди кои луѓето ги имаат за марихуаната е дека не создава зависност. Др. Семјуел Бол од Националниот центар за зависност и злоупотреба на дроги при Универзитетот Колумбија објаснува дека марихуаната со текот на годините се менувала и оти се урива митот за тоа дека не создава зависност.

Секое десетто лице кое редовно пуши марихуана е изложено на ризик да развие зависност од оваа супстанца, тврди тој.

– Да, би ја окарактеризирал марихуаната како дрога која создава зависност, рече овој експерт.

Тој истакнува дека зависноста ја создава психоактивна супстанца делта 9- тетрахидроканабинол (THC), чија концентрација со текот на годините драстично се зголемила.

– Марихуаната која денес се користи не е онаа иста марихуана која ние сме ја пушеле кога сме биле млади – објаснува тој, укажувајќи на фактот дека станува збор за билка која многу лесно се одгледува и дека луѓето денес ги одгледуваат оние видови кои содржат поголемо ниво на THC.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top