| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер починал како последица на „ледениот предизвик“

ledena vodaСмртта на еден тинејџер кој се удавил во напуштен каменолом се истражува како прв смртен случај поврзан со ледениот предизвик, откако почна предизвикот со потурањето со ледена кофа вода.

Камерон Ланкастер, 18 -годишен, починал откако исчезнал под водата кај каменоломот Престонхил во неделата навечер. Се смета дека тој учествувал во предизвикот пред да влезе во водата во каменоломот. 

Сведоци меѓу тинејџерите велат дека тој пред да скокне во водата учествувал во ледениот предизвик. Водата од каменоломот била популарно место за пливање меѓу младите.

Ледениот предизвик предизвика стотици интернет видеа на познати и непознати кои се полеваат со студена вода, за да се подигне свеста и но и пари за борба против болеста на моторниот неврон.

Меѓу оние дека учествуваа се и Викторија БекамАна Винтур уредникот на Вог и поранешниот американски претседател Џорџ Буш кому кофата со вода врз неговата глава му ја истури неговата сопруга Лора.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top