| четврток, 6 декември 2018 |

Мизо: До крајот на годината 100 вработувања во ОДВ Електрик

мизо 2

Ова во вестите на Сител телевизија го истакна директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо.

– Во разговорите со потенцијални вработени кои ги направивме заедно до АВРМ, тие навистина увидоа дека постои една индустриска традиција и знаење и по кратка обука тие луѓе можат да работат по највисоките стандарди, како во Европа така и во светот. Од таа гледна точка можам да кажам дека во моментов ова е петтата недела на обучување на првите 15 вработени во ОДВ Електрик, во моментов тие се наоѓаат во Украина, а за две недели од денес машините за фабриката ќе пристигнат, што значи дека во постоечкиот објект во Охрид адаптацијата ќе биде наскоро завршена – посочи Мизо.

Тој додаде дека до крајот на оваа година ќе има околу 100 вработувања, и вработените ќе работат во три смени.

Наскоро, како што посочи , ќе започне и изградбата на ниванта фабрика во ТИРЗ Струга во која ќе се вработат 1.000 луѓе.

– Се разговара и со други компании кои го разгледуваат охридско-струшкиот регион, дел од нив ја гледаат можноста токму во оваа зона, но дел од нив ги разгледуваат и потенцијалните погони кои веќе постојат и кои во минатото работеле како гиганти. Во крајни преговори сме да се одлучи на кој начин овие компании ќе влезат во Македонија, и нормално се надеваме дека таа одлука ќе биде позитивна – потенцираше Мизо.

Со заживување на овој регион, рече Мизо, каде историски производствените дејности, меѓу кои и автомобилската индустрија била една од главните двигатели на регионот, покрај туризмот, се очекуваат и голем број на вработувања за граѓаните на овој регион.

– Оваа недела започнуваме со изградба на инфраструктурата, што значи дека до крајот на идната година, кога сметаме дека и компанијата ОДВ Електрик ќе го има првиот функционален објект, дотогаш ќе имаме и целосно функционална технолошко-индустриска зона, која ќе го прими првиот производствен погон, а со тек на време, како што ќе доаѓаат и други компании ќе се доградува таа инфраструктура – додаде тој.

ТИРЗ – Струга ќе има 10 парцели, а вкупната вредност на вложувањето во инфраструктура ќе биде околу 8 милиони евра, заклучи Виктор Мизо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top