Бројот на милијардери кои живеат во Велика Британија, за прв пат го отскокнува бројот 100, покажува рангирањето на најбогатите на весникот Sunday Times за 2014 година.
Податоците покажуваат дека во Велика Британија живеат 104 милијардери, чие вкупно богатство е 301 милијарди фунти. Тоа значи дека во Велика Британија има повеќе милијардери на глава на жител отколку во било која друга земја во светот.
Лондон пак е светската престолнина на милијардери – во него живеат 72 богати со богатство од над 1 милијарда фунти. Така британската престолнина е далеку пред вториот град во рангирањето – Москва, каде има 48 милијардери. Третото место го зазема Њујорк со 43 милијардери, следен од Сан Франциско со 42, Лос Анџелес со 38 и Хонгконг со 34 супер богаташи.
На првото место се наоѓаат двајцата браќа Шри и Гопи Хиндуџа кои управуваат со конгломератот Hinduja Group. Нивната состојба е 11,9 милијарди фунти. Војводата на Вестминстер, пак, е најбогатиот Британец со околу 8,5 милијарди фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.