| четврток, 6 декември 2018 |

Комерцијална банка го распродава имотот на „Скопски саем“ за да наплати долг

Комерцијална банка за да наплати долг огласи на продажба повеќе згради и хали во сопственост на „Скопски саем“, „Експо медија груп“ и „Саем инвест“, компании што се во сопственост на групацијата „ЕРА“, пренесува порталот „Емагазазин“.

„Станува збор за недвижен имот во Скопје на ул.„Беласица“, КО Гази Баба, зграда 1, 6, 7 и 8, со комплетната опрема во зградите и халите, вкупна површина: згради – 15.689 квадратни метри, земјиште под згради – 7.046 квадратни метри, дворно место – 43.968 квадратни метри и градежно неизградено земјиште – 8.840 квадратни метри“, се вели во огласот.

Во огласот не се наведува колкав е износот на долгот, ниту, пак, почетната цена. Имотот се продава на јавно наддавање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top