| четврток, 6 декември 2018 |

Како се перат пари крај Темза

Офшор компании имаат инвестирано над 122 милијарди фунти во Англија и Велс, пишува проталот „Бизнис вести“. За голем дел од тие средства се претпоставува дека не се стекнати на легален начин, a најлесно го прикриваат преку купувањето на луксузни имоти, велат од Deutsche Welle.

Ова го покажуваат и резултатите од истражувањето на “Фајненшл тајмс” врз основа на податоците од катастарската служба за Англија и Велс. Според нив, фирмите лоцирани во некои од даночните оази инвестирале околу 153 милијарди евра во недвижен имот. Притоа властите не можат да ги следат односите на сопственост, односно не можат да го воспостават вистинскиот сопственик. Два од секои три офшор недвижни имоти се наоѓаат во Лондон. 

Во контекст на украинската криза британската влада сака да премине на перењето пари од Азија и Источна Европа, кој го отежнуваат овој процес. Експертите се скептични дека проблемот ќе најде решение. “Очигледно голем дел од парите кои се налеваат во Лондон, се од сомнителни извори”, вели Роберт Барингтон од “Транспаренси интернешенел”. Тој објаснува дека “корумпираните лидери” користат офшор компании и фондови, за да го скријат својот идентитет и да ги заштитат “украдените богатства”, често во форма на имот. Експертот тврди и дека каналот на валканите пари кој се влива во Лондон, треба да биде скратен, бидејќи тоа му штети на угледот на градот. “Транспаренси интернешенел” уште минатиот декември ја повика владата да воведе рестрикции во трансакциите со имот склучени од фирми, за да бидат откриени вистинските сопственици на офшорките. Повеќето компании кои поседуваат имот, се офшор компаниите регистрирани на британските Девствени Острови и островите Џерси и Гарнси.

Најголеми “инвестиции” направиле офшор компаниите од британските Девствени Острови, кои налеаа во недвижности речиси 80 милијарди фунти. Над 20 милијарди фунти инвестирале фирмите регистрирани во Луксембург. Катастарската служба од своја страна смета дека проблемот не е толку сериозен. “Поголем дел од фирмите го почитуваат законот”, пишува Заводот во официјалното соопштение. Вработените од Катастар сепак немаат пристап до сите податоци. Тие можат само да утврдат која фирма или физичко лице е регистрирана во катастарот како сопственик на имотот, но не можат да проверат дали станува збор за фирми-поштенски сандачиња или други лица.

Според “Транспаренси интернешенел”, милијардите пристигнуваат главно од Русија, Азија и Африка. Во врска со започнатата голема антикорупциска кампања на кинескиот претседател Си Ѕинпин, последиците од Арапската пролет и судирите во Африка, валканите пари од овие региони брзо го наоѓаат патот кон Лондон. “Трендот за криење на пари во Лондон всушност е релативно нов”, вели главниот економист на Дојче банк во британската престолнина Џорџ Беркли.

Владата на Дејвид Камерон се обидува да се бори против перењето пари преку купување на недвижен имот. Преземените мерки бараат од брокерите и адвокатите да вршат длабинска анализа на лицата вклучени во трансакции со недвижности, кое вклучува и проверка на правото на сопственост. Владата бара и целосни информации за корпоративната сопственост, а купувачите треба да објаснат и кој ќе победи на крајот од трансакцијата.

Според него, владата исто така има вина за сегашната ситуација. Таа разви посебни програми за инвеститорите, кои го олеснуваат стекнувањето на дозвола за престој и добивањето на британско државјанство од богати странци. Тие треба да инвестираат пет или десет милиони фунти за да добијат брзо британско државјанство. И Русите и Кинезите брзаат да ја користат оваа опција.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, бројот на визите за руските граѓани е зголемен за 109 проценти од последниот квартал на 2013 до крајот на првиот квартал од оваа година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top