Откако исламистите и милитантите од Мисрата успеаја да ја преземат контролата над стратешки клучниот аеродром во Триполи, со што ја презедоа контролата над самиот главен град на Либија, угледниот „Њујорк тајмс“ разоткри кој стои зад тајните воздушни напади кои изминативе неколку недели беа забележани околу Триполи.
Според овој весник, во два наврати Египет и ОАЕ во тајност испратиле свои борбени ловци за да се обидат да го спречат напредувањето на исламистичките сили и тоа може да се толкува како дополнителна жестока ескалација во контекст на актуелните настани во целиот арапски свет..
Американската администрација, според Њујорк тајмс останала сосема збунета на активноста на двете моќни арапски држави во Либија, со оглед на тоа дека не биле формално информирани, иако е тешко да се прифати дека ниту во еден момент не сфатиле што се случува на небото над Либија. Од Белата куќа тврдат дека египетските дипломати жестоко демантирале дека е во тек било каква воена акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.