| четврток, 6 декември 2018 |

Нема одложување на стартот на учебната година

abdulakim ademiЗасега нема одлука за пролонгирање на почетокот на новата учебна година поради епидемијата од жолтица, изјави денеска министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми.

– Министерството за образование и наука е во контакт со Министерството за здравство и со Институтот за јавно здравје и на последната седница е донесена препорака до сите училишта да преземат дополнителни активности за хигиената со цел да не се зарази некој од учениците. Засега нема одлука за пролонгирање на учебната година и сметам дека нема да има нејзино пролонгирање. Доколку има одлука за тоа јавноста ќе биде навремено информирана- истакна Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top