| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарка запраша олимпиец дали првпат трча

По победата на полумаратонот во Њу Орлеанс остварена во рекордно време од еден час и 59 секунди, олимпискиот првак на 5 илјади и на 10 илјади метри, Мо Фарах, даде интервју за една американска телевизија. Меѓу другото, водителката Латонија Нортон на Фарахго праша: „Дали сте трчале претходно? Ова ви е прв пат?“

На Британецот најпрво му изгледаше дека не го слушнал добро прашањето, меѓутоа потоа се покажа како вистински професионалец и изјави дека секако се натпреварувал во полумаратон и претходно, меѓутоа ова му било прв пат да трча во Њу Орлеанс.

Инаку, Фарах како осумгодишно момче од Сомалија се преселил во Велика Британија, земја која лани ја претставуваше на Олимписките игри во Лондон и освои два златни медала во трките на 5 и на 10 илјади метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top