Балтичките земји и Полска ѝ предложија на Алијансата во нацртот на завршниот документ на претстојниот септемвриски самит во Велс да ја утврдат можноста за употреба на ЕвроПРО против Русија, пренесува РИА „Новости“.
Според мислењето на претставниците на тие земји, ситуацијата околу Украина може да биде опасност за нивната безбедност. Според информациите на германскиот весник “Spiegel”, САД ја поддржуваат идејата во документите да се утврди формулацијата во врска со користењето на ПРО.
Германскиот весник истакнува дека повеќето членови на Алијансата, вклучително и Германија, се изјасниле против таквите формулации и планови, бидејќи сметаат дека Москва не треба да се провоцира без потреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


