| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на исчезнатата Марина добил закани

marina 2

– Поубаво ти е да не се плеткаш со медиумите за исчезнувањето на ќерка ти и не треба да те интересира дали е мртва или жива – било она што таткото го слушнал од другата страна на слушалката по што врската веднаш била прекината.

Таткото сепак и покрај заканите вели дека нема сила која ќе го спречи да ја бара својата 17-годишна ќерка.

– И покрај тоа што полицијата трага по моето дете, и јас заедно со семејството, пријателите роднините си започнав своја истрага. Мислам дека од полицијата нема корист, но јас нема да се смирам додека не си го најдам детето – вели Игор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top