Украинските власти соопштија дека денеска дошло до судири меѓу граничарите и конвојот од неколку десетина оклопни возила и тенкови кои влегоа на украинската територија од Русија кај Азовското Море.
– На украинската граница помина конвој од неколку десетина тенкови и оклопни возила кои влегоа во областа блиску украинскиот индустриски град Мариупољ, изјави портпаролот на силите за безбедност, Леонид Матјухин.
Тој додаде дека конвојот го запреле граничарите и дека во тек е судир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


