Присуството на вирусот на болата е потврдено во Демократска Република Конго, во покраината Екватор, потврди во неделата министерот за здравство, Феликс Кабанге Нумби.
-Резултатите се позитивни. Вирусот на еболата е потврден во Демократска Република Конго“, изјавил за AFP министерот за здравство Феликс Кабанге Нумби во врска со резултатите од испитувањата на примероците земени од лица за кои се сомневаше дека се заразени со хеморагиска треска кој од 11-ти август била смртоносна за 13 лица во покраината Екватор.
-По анализата на осум примероци на теренот, Националниот биомедицински институт потврди дека два примерока се позитивни на вирусот на еболата“, прецизирал др Кабанге во пораката објавена на државната телевизија на Конго и додал дека продолжуваат подеталните испитувања.
Офицајлно објавувајќи ја „седмата епидемија на ебола до ДР Конго“ од откривањето на овој вирус токму во оваа земја,тогашен Заир во 1976 година, во северниот дел од земјата во областа на реката Ебола. Министерот Кабанге, меѓутоа, истакнал дека епидемијата во Конго не поврзана со епидемијата од оваа смртоносна заразна болест за која сѐ уште нема официјален лек или вакцина којашто последните месеци трае во другите земји од западна Африка. ДР Конго нема заедничка граница со Сиера Леоне, Либерија, Гвнијена и Нигерија во кои од еболата веќе починаа 1.427 луѓе.
-Искуството стекнато во текот на претходните шест епидемии од еболата ќе ни помогне во зауздувањето на болеста“, убедува министерот и гарантира дека епидемијата е ограничена на областа Џера, на повеќе од 1.200 километри североисточно од главниот град Киншаса.
Претходно беше објавено дека во провинцијата Екватор во ДР Конго се регистрирани смртни случаи од хеморагично заболување , чии симптоми се слични на еболата. Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави дека тоа заболување на ебола. Според соопштението на СЗО, во Конго се регистрирани 592 случаи од тоа заболување, од кои 70 имале смртен исход.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


