| четврток, 6 декември 2018 |

Нов успех на најголемиот пливачки маратон во Македонија со поддршка на Македонски телеком и на Т-мобиле Македонија

Годинашниот 28. Охридски пливачки маратон, како дел од серијата Гран-при на меѓународната пливачка организација ФИНА, го потврди врвното реноме со бројот и со квалитетот на учесници и со интересот кај публиката. Традиционалната соработка и поддршка на Македонски телеком ина  Т-мобиле Македонија, како долгогодишни генерални спонзори на Охридскиот пливачки маратон, придонесе за целосниот успех на нашата најголема пливачка манифестацијата.

01-start

Маратонската трка во конкуренција од вкупно 22 учесника од земји како: Канада, Аргентина, Бразил, Казахстан, Русија, Италија, Франција, Белгија, Шпанија, Хрватска, Чешка и од Македонија, стана веќе синоним на спортскиот дух и истрајноста.

03-winner-mazi

Патеката „Климе Савин“ долга 30 километри од „Свети Наум“ до Охрид, прв ја исплива во машка конкуренција Брајан Рикеман од Белгија со време од 5 часа и 41 минута, а „рамо до рамо“ со него стаса нашиот Евгениј Поп Ацев, освојувајќи го второто место со разлика во стотинки.

021-Fotofinis mazi 2

 

Третото место го освои Жоан Едел од Франција. Во женска конкуренција прва стаса Сили Рибарова од Чешка, потоа Пилар Геихо од Аргентина, а трета Ана Манкевич од Русија.

022-Fotofinis-Mazi

 

Главните награди на победниците свечено им ги врачи претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Успешната организација и реализација на Охридскиот пливачки маратон, е вистинска промоција на нашата спортска традиција и култура. Македонски телеком и Т-мобиле Македонија и во иднина остануваат на страната на развојот на спортот и врвните достигнувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top