| четврток, 6 декември 2018 |

Почина актерот Ричард Атенбороу

Прославениот британски актер и режисер, Ричард Атенбороу почина денеска, во 91. година од животот, потврди за Би-Би-Си неговиот син Мајкл.

Атенбороу во 1982 година доби Оскар за најдобра режија за филмот „Ганди“, но тоа е само едно од големите постигнувања во неговата кариера на овој британски уметник.

Покрај тоа што беше едно од најпознатите лица на британската уметничка сцена, Атенбороу глумеше во голем број холивудски филмови, а и сам има режирано низа долгометражни остварувања.

Беше исто така, познат по големото ангажирање како амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ и други хуманитарни организации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top