САД не можат сами да се борат против групацијата „Исламска држава во Ирак и Левантот“ (ИДИЛ), чија бескпруполозност и убиствата што ги врши го шокираа цивилизарниот свет, пишува весникот „Њујорк тајмс“.
Американските воздушни напади и други видови на мерки, преземени од страна на САД во одредена мера им помогнаа на верските малцинства и на другите заедници, на кои им се заканува ИДИЛ, нагласува весникот.
– На за да биде победена ИДИЛ потребен е организиран долгорочен одговор, вклучувајќи широка коалиција од држави, меѓу кои и други муслимански земји, се наведува во редакциската статија на весникот.
„Њујорк тајмс“ истакнува дека прогонувањето на христијаните и јазидите и убиството на американскиот новинар Џејмс Фоли во целосно светло ја прикажале суровоста на ИДИЛ.
– И додека ризикот за САД и Западот е реален, оние кои ја плаќаат највисоката цена се муслиманите. Поради тоа претседателот Барак Обама беше во право кога кажа дека сите влади и народи на Блискиот Исток треба да вложат напори за отстранување на овој рак, со цел да не се прошири“, пишува весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
Вучиќ: Немаме планови за војна, но не го признаваме Косово
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании


