Новиот фудбалер на Ливерпул, Лазар Марковиќ, ветува победа на дерби натпреварот во Премиерлигата против Манчестер Сити.
Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва од 21 часот на „Етихад“ ќе го пречекаат Ливерпул во последниот натпревар од второто коло во Премиерлигата.
Според сите најави, Брендон Роџерс ќе му даде шанса на српскиот репрезентативец Лазар Марковиќ кој ќе дебитира против актуелниот шампион.
– Подготвен сум и едвај чекам да заиграм. Во Ливерпул дојдов со самодовербата која ја имав во претходните години во Бенфика. Верувам дека и овде можам да освојам титула веќе во првата сезона. Имаме одличен тим, најдобрите навивачи, а моја должност кон нив е да станам еден од најдобрите играчи во Премиерлигата. За почеток, ќе бидам задоволен со победа на „Етихад“ – изјави Марковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


