Во едно истражување на Универзитетот во Вухан во централна Кина, се покажало дека црвената облека го зголемува женскиот сексипил, како и дека дамите во црвено изгледаат поспособни и покомуникативни, односно жените, кои носат црвена облека се попривлечни.
Научниците на групата од 280 суденти им покажале фотографии од спротивниот пол во сина, бела и црвена облека, а потоа од нив барале да ги проценат по убавина.
Студентите највисоки оценки во однос на убавината, компетенцијата и љубезноста им дале на најженствените жени, кои на фотографиите носеле црвена облека.
– Црвената боја ја зголемува сексуалната привлечност на жените, нагласи др. Фангфанг, чија студија е објавено во списанието „Evolutionary Psyhology“.
Студентките, кои учестувале во истражувањето, исто така позитивно ги оцениле мажите, кои на себе имале еден дел од облеката во црвена боја. Меѓутоа премногу црвена боја на мажите, според жените остава впечаток на агресивност
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


