| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот на Тијана нападнал три девојчиња пред неа, две силувал

тијана

Таткото на Тијана, дознал дека монструмот Драган Ѓуриќ нападнал уште три девојчиња, од кои две малолетнички силувал.

– Тијана не е прво и единствено дете што го нападнал Драган Ѓуриќ . Тој во секоја смисла е злосторник и должен сум ѝ на Тијана да му биде одредена максимална казна. Дознав дек Ѓуриќ порано нападнал три девојчиња, од кои две силувал. Решив да ги пронајдам нивните татковци, еден е месар од местото, Алекса Шантиќ, а друг е полицаец што живее во Нови Сад. За тие два случаја не знам дали постојат судски траги, но се случиле и ќе проверам сè што можам- открива за „Блиц“, таткото на Тијана, Игор Јуриќ.

За третото девојче, на таткото на Тијана завчера му раскажало момчето М.Т. (25) од Мишиќево кај Суботица. Имено како што раскажал, Ѓуриќ пред седум години во дискотеката Одисеја во Бајмак, ја нападнал и влечел К.В., која тогаш имала 15 години. Момчето се присетило дека  тој бранејќи ја другарката ја оттргнал од Ѓуриќ, но тој тргнал по нив.  

– Ми рече дека девојката ми е многу убава. Му реков дека таа ми е другарка. На мојата молба да нè остави на мир, Ѓуриќ истури пиво по мене, а кога го турнав, ме удри со шишето пиво по глава, ме фати околу половина, ме подигна од земјата и ме тепаше – вели ова момче. Како што рекол, дошло и обезбедувањето од дискотеката и полицијата поднела пријава за него.

– Ми ја шиеја главата и денеска имам белег на слепоочницата. Целиот случај заврши на суд, но само поради тепањето. Ѓуриќ веќе имал две условни казни, а на првото рочиште не се ни појави. На соочувањето лажеше дека не ме удрил и дека сум му ја украл јакната. Во судот имаше студен поглед како ништо да не се случило – рекол М.Т.

Постапката против Ѓуриќ траела едена година, но но се знае резултатот од тоа судење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top