Македонскиот шампион МЗТ Скопје, забележа нова победа во Јадранската лига, а вечерва во „Борис Трајковски“ настрада Задар. Домаќините славеа со 94-69 и повторно се во плус, со 12 победи, наспроти 11. порази. На 3 кола до крај, МЗТ остана на осмото место, но си ги зголеми шансите да ја освои посакуваната 6. позиција, која води во европските купови.
Почетокот беше одличен за нашиот тим, а резултатот го отвори Чековски, со реализација за два поени. Тој и Гечевски беа неаздржливи и натпреварот го завршија со вкупно 54 поени. Чековски даде 29, а Гечевски имаше 4 помалку.
Дамјан Стојановски со атрактивно забивање, ни донесе двоцифрена предност од 28-17, но гостите преку Рамљак, намалија на 8 разлика, во финишот на првата четвртина.
Во вториот период Задар беше подобар, го анулираа водството на македонскиот првак и со поените на Простран, замина на пауза со нерешен резултат 46-46. Гечевски со 16 поени, беше најефикасен по 20 минути игра.
МЗТ Скопје се врати од летаргијата, и во третата четвртина направи клучна предност од 13 поени разлика. Резултатот пред стартот на последниот период беше 73-60.
Гечевски и Чековски продолжија да го полнат кошот на гостите. Чековски беше за нијанса поефикасен и даде вкупно 29 поени, а ветеранот Гечевски, уште еднаш ја потврди високата класа и им одржа лекција на гостите. Популарниот Тоше кој порано беше член на Задар, немаше милост и им даде 25 поенина своите поранешни соиграчи.
Кај поразениот тим, Иванов со 13 и Кастропил со 12 поени, беа најефикасни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика