Групата „Фрајле„, синоќа го затвори Меѓународниот тамбурашкиот фестивал, кој по десетти пат се одржа на Градскиот плоштад Куманово.
Настапот на новосаѓанките беше шлаг на торта за јубилејот, и ги воодушеви кумановци. Со својот препознатлив стил, енергични и шармантни, девојките повеќе од 2,5 часа ја забавуваа публиката од сите генерации, а двапати се враќаа на бис.
Нивните познати хитови: „Их либе дих„, „Фина„, „Штиклице„… ги знаеа повеќето присутни, но вистинска еуфорија настана, и ја дигна публиката на нозе, староградската војводинска песна „Три метара сомота„, за која рекоа дека и тие ја нарачуваат во кафеана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.