Проруските сили денеска парадирале со заробените Украинци во поворка како одговор на прославата на Денот на независноста на Украина. Десеттици украински заробеници од кои некои бике ранети и завиткани со завои, биле принудени да парадираат по една од главните улици на Донецк која води до плоштадот Ленин, каде биле изложени уништените украински транспортери кои биле уништени во конфликтот.
Стотици граѓани излегле на улица за да ги видат војниците кои, како што велат „биле луѓето кои биле испратени да ги убијат“.
Некои од набљудувачите извикувале „фашисти“, „убијци“, а некои ги гаѓале со шишиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


