Полицаец од Фергусон, предградие на Сент Луис кое неодамна беше средиште на големи расни немири е сусоендиран откако на интернет се појави вознемирувачко водеи од неговиот говор полн со омраза. Афроамериканците ги нарече „мали перверзници“, а Барак Обама илегален имигрант.
Инаку полицаецот Дан Пеџ пред неколку дена го снимаше камерата на „Си-Ен-Ен“ како во текот на протестите го турка нивниот репортер Дон Лемон и му се заканува со апсење.
-Одличен стрелец сум. Мојот најдобар погодок е од 1875 метри. За него добив златна ѕвезда. Ако бегаш од мене ќе умреш уморен, продолжува Пеџ и тврди дека е ветеран од војната во Виетнам и дека заминал в пензија во 2012 година бидејќи не сакал да слуша наредби од Барак Обама.
Американскиот претседател го нарекува илегален имигрант и тврди дека летал во Кенија за да провери каде живее неговиот „недокументиран претседател“.
– Јас верувам во Исус Христос како мој господар и соасите, но исто така јас сум убиец. Многу сум убивал. И ако е потребо уште ќе убивам. Бог не ме создал да бидам кукавица, вели Пеџ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.