| четврток, 6 декември 2018 |

Гарантиран минимален доход од 400 евра за илјадници семејства во Грција, кои живеат на прагот на сиромаштијата

grcija1

Илјадници семејства во Грција, кои живеат на прагот на сиромаштијата, ќе добиваат загарантиран минимален доход во форма на месечна помош во износ од 400 евра, јавуваат грчките медиуми.

Оваа одлука е согласно пилот програмата, која првично ќе биде спроведена во 13 општини во земјата. Програмата е изготвена од Министерството за труд и се однесува на семејствата со две мали деца, кои немаат други приходи.

Лицата кои ќе поднесат барање за оваа помош ќе треба да немаат други примања и да имаат постојано живеалиште во дадената општина во последите две години.

Помошта започнува од 200 евра за семејства без деца и ќе расте во зависност од бројот на децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top