| четврток, 6 декември 2018 |

Иста идеја, во исто време: Мачката на Игор, Емилија Џамбазова доби двојник

Некои ќе речат дека сопственикот на Џамбазова-Бавчанска ја украл идејата, но чисто да се знае, „Приказни од Мјаукедонија“ беше објавена во април 2013 година. Мачката Грампи првата официјална книга „Grumpy Cat: A Grumpy Book“ ја објави на 23 јули 2013 година

igor-dzambazov01

Дека Земјата е едно мало место за живеење, во кое се сместени многу милијарди луѓе, секој на посебен начин поинаков, но исти, ни ја потврдува оваа мошне интересна приказна, во која е вмешан нашиот најпознат шоумен  Игор Џамбазов. На две различни страни од светот, двајца потполни странци делат буквално иста идеја… која е веројатноста.

емилија Џамбазова

емилија Џамбазова

Од една страна, запознајте ја Емилија Џамбазова со уметничко име Бавчанска. Дојдена од радовишките бавчи, провинцијалка која се соочува со згодите и незгодите на главниот град. Да не дојде до некаква забуна. Емилија е мачка.Прва мачка во Мјаукедонија, а богами и во светот, која издала дневник со своите мемоари. И да се појавеше некој месец подоцна, македонската јавност ќе коментираше дека Џамбазов не е оригинален, украл нечија идеја, дека е лоша копија и слично…

igor-dzambazov05

Среќа некој месец подоцна, на другата страна од светот, мачката Грампи (Grumpy Cat ) е вистинска сензација на интернет. Таа е родена на 4 април 2012 година, а нејзиното вистинско име е Тардар Сос. Тоа што ја прави ѕвезда е фактот што има преку 6 милиони фанови на „Фејсбук“ и преку 200 илјади следачи на „Твитер“. Заедничко за двете мачки е тоа што тие се автори на книги. Нејзината прва официјална книга „Grumpy Cat: A Grumpy Book“ е објавена на 23 јули 2013 и помина 10 недели на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“.

Некои ќе речат дека сопственикот на Бавчанска ја украл идејата, но чисто да се знае, „Приказни од Мјаукедонија“ е објавена во април 2013 година. „Приказни од Мјаукедонија“ е прво дело на младата и талентирана мачка Емилија Џамбазова-Бавчанска. Таа е родена околу 1 јули 2011 година. Мачката Грампи неодамна ја промовираше и втората книга „The Grumpy Guide to Life: Observations by Grumpy Cat“, а за да оваа приказна биде уште поинтересна, на двете страни на светот имаше иста промоција, ги потпишуваа книгите со печат од отпечаток на мачка наместо со автограм на авторот.

Џамбазов на неговата промоција ни раскажа дека идејата за Ејми да напише книга се родила во моментот кога таа му признала дека го разбира нашиот јазик. Бидејќи знаел дека никој нема да му верува дека неговото маче разбира сѐ, решил да го докаже тоа на следниот начин – да напише книга според нејзините мемоари. Сепак, не бил само Игор тој што има мачка која го разбира нашиот јазик, Табата и Брајан Бундесен ја имаат другата. Но, финансиската моќ си го прави своето. Иако Џамбазов, односно Емче беше прва, мачката Грампи урива рекорди на гледаност на „Јутјуб“, има милиони обожаватели низ светот, нејзиниот лик го носат на маици и се подготвува за новата улога, овој пат на филм. А Бавчанска? Таа одмора во Слепче. Можеби не ја сака популарноста или, пак, е затворена дома и работи на нејзиното ново дело.

(Пишува: Владо Оцевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top