| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотреси во Македонија, Романија, Исланд, Чиле…

chile-quake-boats

Два земјотреса со интензитет над пет степени според Рихтеровата скала денеска се регистрирани во реонот на вулканот Бардарбунга, југоисточен Исланд.

Исландската метеоролошка служба утрово регистрира два земјотреси со интензитет од 5,3 и од 5,1 степени. Тоа се најсилни земјетреси во реонот на вулканот од 1996 година.

Вулканот Бардарбунга минатата недела го потресоа илјада мали земјотреси, длабоко под исландскиот глечер Ватнајакул. Властите во Исланд вчера го подигнаа нивото на предупредување во воздушниот сообраќај  на највисоко, црвено ниво, поради активноста на вулканот Бардарбунга, што значи дека ерупцијата ќе се случи многу брзо или е во тек.

Според сеизмолозите, магмата се движи под глечерот, но засега хоризонтално, на длабочина од пет до 10 километри. Вулканот Бардарбунга ќе еруптира ако магмата се крене и го истопи мразот. Воздушниот простор над глечерот Ватнајакул и понатаму е затворен. Исландскиот вулкан Ејафјадлајекидл во 2010 година исфрли пепел, кој предизвика хаос во воздушниот сообраќај, бидејќи најмалку 100.000 летови беа откажани.

Земјотрес бешпе регистриран и во Романија. Се работи за потрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во источниот дел на Романија. Епицентарот на земјотресот бил во сеизмичната зона Вранча, на длабочина од 147 километри. Земјотресот бил почувствуван и во Букурешт. Нема информации за повредени лица и причинета материјална штета. Во реонот на Вранча се пресекуваат три тектонски плочи и Романија е една најсеизмичките зони во Европа. Во земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтер во 1997 година загинаа 1.574 луѓе.

Силен земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во централниот дел на Чиле. Морнарицата соопшти дека нема опасност од појава на цунами. Епицентарот бил 60 километри североисточно од Валпараис, на длабочина од 32 киломертри. Засега нема информации за повредени луѓе и за причинета материјална штета, но поради земјотресот 100.000 во Сантјаго останаа без електрична енергија. Во април северниот дел на Чиле беше погоден од земјотрес со интензитет од 8,2 степени при што загинаа шест лица.

Земјотрес бееше почувствуван и во Македонија.

Чиле се наоѓа во едно од најтрусните подрачја во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top