
До крајот на ноември Општина Вевчани ќе добие повеќенаменска спортска сала со 500 седишта. Во тек е изградбата на челичната конструкција, односно завршени се околу 60 отсто од градежните работи.
Премиерот Никола Груевски, придружуван од градоначалникот Светомир Угриноски денеска ги посети работниците. Спортската сала се наоѓа во близина на ОУ „Страшо Пинџур“ и тениското игралиште во Вевчани, што, според Угриноски, ќе придонесе за развој на спортскиот туризам во општината.
– Ова е можност за развој на спортскиот туризам. Ќе биде образовен и спортско-рекреативен комплекс. Се надевам дека ќе успее да се развива спортскиот туризам, рече Угриноски.
Изградбата на спортската сала почна лани во октомври, а се наоѓа на 850 метри надморска височина.Општината, како што нагласи градоначалникот, ќе формира кошаркарски, ракометни и други спортски клубови.
Изградбата на спортската сала е дел од владиниот проект „145 спортски сали за основните и средните училишта“ што се реализира преку Министерството за образование и наука, инвестиција околу 850.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски










