| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени 300.000 евра од Националната банка на Грција во Дистому

grcka banka

Три вооружени лица синоќа ограбија филијала на Националната банка на Грција во Дистому, во централниот дел на земјата. Од банката биле земени 300.000 евра и еден вработен како заложник, кој подоцна бил ослободен.

Крадците побегнале на Ксилокастрос на Пелопонез, каде го ослободиле заложникот. Полицијата трага по крадците на Пелопонез, а припадниците на крајбрежната стража го пребаруваат и Коринтски Залив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top