| четврток, 6 декември 2018 |

Катализатори и фероникел – најизвезувани производи од Македонија

Катализаторитe на Џонсон Мети и фероникелот што го произведува Фени индустри се најизвезуваните производи од Македонија. Останатите најизвезувани производи во првото полугодие годинава, како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, се сетови на проводници за палење за возила, авиони или бродови, производи од железо и челик (валани производи), облека… Извозот континуирано расте, а статистиката покажува дека во периодот од јануари до јуни годинава од Македонија се извезени производи во вредност од 2,3 милијарди долари.

Традиционално, најголемо учество во извозот имаат земјите-членки на ЕУ со 78,9 отсто и земјите од Западен Балкан со 13,5 проценти, а во увозот земјите-членки на ЕУ со 64,4 отсто. Најголеми трговски партнери на Македонија и натаму остануваат Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија. На овие земји отпаѓаат вкупно 52,7 отсто од вкупната размена.

izvoz-januari-juni-480x258

Странските инвеститори- водечки извозници

Странските компании во земјава го билдаат извозот, а „Џонсон Мети“ ја профилираше Велика Британија како втор најголем трговски партнер на земјава. Катализаторите, произведени во Бунарџик се водечки извозен производ, а според очекувања истите и годинава ќе бидат носечки извозен производ на земјава.

Статистиката го регистрира овој тренд уште од 2011-та година, откако компанијата и официјално почна со работа. Истовремено меѓу најувезуваните стоки е платината, која се користи во производството на катализатори.

Оваа компанија само во месец мај успеала да извезе стоки во вредност од над 90 милиони евра, што е за нив апсолутен рекорд. Според прогнозите на директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, До крајот на годината „Џонсон Мети“ ќе успее да достигне дури и поголеми резултати за месечен извоз од дури и над 100 милиони евра.
Во првите 4 месеци од годината вкупниот извоз од зноите достигнува бројка од околу 350 милиони евра, а тоа најмногу се должи на втората фаза на Џонсон Мети која е функционална, Џонскон Контролс во Штип, Ван Хол, но истовремено и Кемет Електроникс кој работи со полна пареа.

„Тоа значи дека оптимумот е достигнат. Да не заборавиме дека тука се и Ван Хул во која работат три од четирите производни линии, па Кемет е веќе стигнат со многу поголемо производство од минатата година, нормално и Џонсон Контролс во Скопје, но дури и Продис и Текнохозе кои можеби од апсолутна гледна точка имаат помали суми на извоз, но сепак се многу зголемени во однос на минатата година и сето тоа допринесува за драстично зголемување на извозот од зоните и тоа се резултира на оние резултати кои излегоа дека во првите 4 месеци имаме зголемување од над 15% на вкупниот извоз од државата“, додава Мизо.

Извор: Лидер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top