Значително намалување на убиствата во Македонија бележи статистиката на Министерството за внатрешни работи во изминативе години. Помалку убиства, но значително поголем процент на расчистени вакви тешки кривични дела. Најголем број убиства се случиле во 2003-тата година – 75, а најмалку минатата година -20.
Од 2002 до 2006-та година се случиле 249 убиства во земјата, додека во периодот од 2007-мата до 2013-та регистирани се 239 убиства. Десет убиства помалку се случиле во овој период кој е двојно поголем од четиригодишниот од 2002-2006 кога се забележани најголем број на убиства.
Во однос на ефикасноста на полицијата за расчистување на убиствата, значително поголем е процентот на разветлени случаи во периодот од 2007-мата до 2013-та година. Во овој период МВР покажало висока ефикасност од над 86% расчистени дела.
Од 2002 до 2006 година расчистени и документирани се 180 случаи на убиство што претставува ефикасност од околу 72 проценти.
Од почетокот на годинава до денес во полициската статистика се забележани 19 убиства од кои 15 се расчистени.
Од МВР за Курир велат дека интензивно се превземаат мерки за расветлување на сите убиства, пронаоѓање на сторителите и целосно затворање на предметите по однос на овие кривични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа


