Во истовремени експлозии на три автомобили-бомби во Киркук загинаа најмалку 20 лица, а 65 се повредени, соопшти ирачката полиција.
Два автомобили-бомби експлодираа во близина на градилиште, а третиот напад се случил на влез од пазар.
Нападите се случија додека ирачките и курдските сили за безбедност се обидуваат да се справат со офанзивата на сунитските бунтовници предвидени од Исламска држава.
На 12 јуни курдските сили за безбедност ја презедоа контролата над провинцијата Киркук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


