| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел во Киев вети европска помош

merkel porosenkoГерманската канцеларка Ангела Меркел денеска во Киев вети продолжување на помошта за проевропските власти во Украина, додавајќи оти територијалниот интегритет на земјата е од пресудна важност.

– Значењето на мојата посета е во пораката дека германската Влада верува оти територијалниот интегритет на Украина е од пресудна важност, изјави Меркел по средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Тој истакна дека Киев нема да го жртвува својот суверенитет за мир.

– Дојде време за мир во Донбас. Заедно со нашите европски партнери и целиот свет се ќе направиме да дојде до мир, но не по цена на суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Украина, посочи Порошенко.

Меркел повторно ја повика Москва да се ангажира за постигнување на мировен план со Владата во Киев.

– За планот да биде успеше потребно е да го применуваат двете страни. Мирот не можете сами да го постигнете. Се надевам дека преговорите со Русија ќе бидат успешни. Планот е на маса, а сега мора да уследи акција, истакна германската канцеларка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top