| четврток, 6 декември 2018 |

Бомба во ирачкото разузнавање

фото: ЕПА

фото: ЕПА

Најмалку 11 луѓе загинаа, а 24 се повредени во денешниот самоубиствен бомбашки напад што се случи во Багдад, соопшти ирачката полиција.

Бомбаш-самоубиец активираше автомобил-бомба во седиштето на ирачкото разузнавање во Багдад, при што загинаа шест цивили и пет припадници на безбедносната служба.

Нападот се случи еден ден откако шиитските милиции извршија напад врз сунитска џамија, во кој загинаа 68 сунитски верници во провинцијата Дијала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top