| четврток, 6 декември 2018 |

Лоциран убиецот на младиот Лука

marko-milicev-sredena

Српската полиција успеа да го лоцира убиецот на Лука, Марко Миличев, кој на 25.јули го прегази 21-годишното момче на Браков мост во Белград и избега, дознава српски Курир.

–  Обрачот околу него полека се стеснува, бидејќи полицијата му е зад петици. Тој пред 11 дена избега со авион за Турција каде што се наоѓаше извесно време и после се обиде да ја сокрие секоја трага што води до него. Меѓутоа, не успеа во тоа.Тој повторно е лоциран и сега полека се намалува неговиот простор за маневрирање – пренесува  српски Курир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top