| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски во работна посета на Охрид

Macedonian Prime Minister and leader of the biggest ruling party VMRO Nikola Gruevski speaks during an interview with Reuters in Skopje

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска , ќе оствари посета на општинaта Охрид.

Во рамките на посетата Претседателот на Владата, во 11:00 часот, ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот локален пат од горно до долно Лакочереј (настанот ќе се одржи во долно Лакочереј).

Подоцна ќе го посети новоизградениот модерен кеј во Пештани. На пладне Премеирот ќе присуствува на промоција на фасади на три објекти лоцирани кај стариот чинар, а ќе ги посети градежните работи на Св.Климентовиот Универзитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top