| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца ирачки сунитски политичари се повлекоа од преговорите за нова влада

ирак

Двајца од највлијателните сунитски политичари во Ирак се повлекоа од преговорите за формирање нова влада, откако шиитите во вчерашниот напад врз сунитска џамија убија 68 сунити во провинцијата Дијала.
Вицепремиерот Салех ал Мутлак и претседателот на Парламентот Салим ал Џабури се повлекоа од преговорите со главната шиитска алијанса, се додека не бидат објавени резултатите од истрагата за нападот.
– Потврдувам дека ги прекинавме преговорите со Националниот сојуз поради тоа злосторство и до објавувбање на резултатите од истрагата – изјави пратеникот Раад ал Дахлаки од блокот на Џабури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top