
Проблемите во маслиниците во Шпанија и Италија би можеле да доведат до зголемување на цената на маслиновото масло, предупредуваат од шпанското задружение на производители на ова масло Инфаолива.
Екстремните суши со месеци го мачат југот на Шпанија, додека на италијанските плантажи на маслинки се појавиле бактерии, кои ја загрозуваат бербата. Шпанија е најголем светски производител на маслиново масло пред Италија, а нејзината покраина Андалузија каде се произведува 45 отсто од вкупната количина на маслиново масло, е најмногу погодена од сушата.
Пазарот веќе реагираше за ризикот на намалена берба година, па само за неколку недели цената на “екстра девственото масло“ скокнала од 2,40 на 2,70 евра по килограм.
Во Италија опасност за маслинките претставува бактеријата ”Xylella fastidiosa”, поради која приносите ќе бидат намалени за најмалку осум отсто, а се очекува цената да се зголеми и до 40 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


