Според него, Украина треба да купи околу пет милијарди кубни метри гас. Притоа, вкупното количество на реверзибилен гас (гасот што Украина го добива од европските земји) треба да достигне една милијарда кубни метри, прецизирал Јацењук.
– Кога почнувавме, во магацините имаше пет милијарди кубни метри гас, што е речиси ништо, а сега имаме 15 милијарди – изјавил украинскиот премиер.
Тој укажал и дека минималните потреби на земјата за енергенси се обезбедени, пренесува Итар Тасс.
– Резервиравме 3,1 милијарда долари за купување гас. Сѐ што можеше да се направи за обезбедување на минималните потреби, го направивме – кажал премиерот, и додал дека Украина успеала да го намали користењето гас за 30 отсто.
Според Јацењук, Киев планира да го реформира и модернизира системот за транспорт на гас на земјата со привлекување американски и европски инвестиции и склучување договор со Европејците за транзитот на гас.
„Нивниот интерес е транзитот на гас од Русија во Европа да оди преку територијата на Украина и да ја направи непотребна изградбата на Јужниот тек“, кажал украинскиот премиер.
Киев, додал тој, нема договор со европските партнери за транзитот на гас.
– Сега целиот гас оди врз основа на руско-европскиот договор. Поради тоа ѝ се обративме на Европа – ајде да потпишеме договор, квеќе сме пријатели – заклучил тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина