| четврток, 6 декември 2018 |

Булок и Клуни во нов заеднички проект

булок клуниЅвездите од фантастичната  лента “Гравитација” Сандра Булок и Џорџ Клуни ќе се здружи повторно на снимање, но овој пат ќе раскажат една политичка приказна. Добитничката на “Оскар” има потпишано договор за учество во лентата „Нашето мото е Криза” (Our Brand is Crisis), инспирирана од истоимениот документарен филм од 2005-та година, а Џорџ Клуни веќе ја потврдил својата намера да се вклучи во проектот. Името на актерката се поврзуваше со филмот со месеци, но дури сега таа официјално ги потпиша документите за учество со режисерот Дејвид Гордон Грин. Булок и Клуни ќе се појават и како извршни продуценти на производот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top