| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановски лекари на специјализација во Скопје

lekari-bolnicaОпштата болница Куманово ќе испрати шест лекари на специјализација во Скопје.

Од нив двајца ќе специјализираат абдоменална хирургија, а по еден лекар на ортопедија, гинекологија, гастроенетрохепатологија и неврологија.

-Се надевам дека најмалку петмина кумановски лекари од оваа јавна здравствена установа ќе пројават интерес за специјализација на конкурсот што ќе го распишеме. Станува збор за специјализации од интерна медицина, урологија и хирургија кои се мошне атрактивни за лекарите- рече директорот Ариф Љатифи.

Пред неколку месеци кумановската болница испрати лекари на специјализација по интерна медицина, педијатрија, психијатрија, патологија и гинекологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top