
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство“ и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид против Б.П.(30) и Р.С.(30) двајцата од Охрид поднесе кривична пријава, стои во соопштението од СВР Охрид.
При извршувањето на кривичното дело употребено е огнено оружје пиштол кое Б.П. нелегално го поседувал, а со кое убиени се Ромео Ѓ. (38) жител на селото Лескоец и Васил Р. (56) од Охрид.
Кривичното дело е извршено вчера околу 23 часот во летната бавча на угостителскиот објект „Император“ лоциран на улицата „15 корпус“ во Охрид. Тука, двајцата пријавени пристигнале со патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистарски таблички, сопственост на приведениот Р.С., откако претходно телефонски Б.П. побарал од Р.С. да го превезе до објектот.
На летната тераса се случила кратка и жестока вербална расправија и турканица помеѓу Б.П. и сега починатиот Р.Ѓ. во која Б.П. му нанел неколку удари со рака во пределот на лицето. Во еден момент, Б.П. извадил огнено оружје пиштол кој нелегално го поседувал и испукал еден куршум кон Р.Ѓ. погодувајќи го во пределот на рамото.
Тешко повредениот Р.Ѓ. се обидел да бега кон рецепцијата на хотелот „Император“, но притоа бил погоден со уште два куршума. Во близина на хотелската рецепција, Б.П. бил пресретнат од В.Р. (56), сопственик на „Император“ кон кого Б.П. испукал еден куршум погодувајќи го во пределот на градниот кош.
Веднаш потоа, Б.П. истрчал кон летната тераса каде што го чекал неговиот пријател Р.С. и со истото патничко моторно возило избегале од местото на настанот. На пресекот на улиците „7 ноември“ и „Васил Главинов“ Б.П. излегол од возилото и избегал.
По извршените претреси по налог на судија во претходна постапка, во домот на Р.С. пронајдени се и одземени 16 куршуми различен калибар. Предметите се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Пријавените Б.П. и Р.С. се лица познати на службата, за кои и досега биле поднесувани кривични пријави. По поднесените кривични пријави за Б.П. за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, загрозување на сигурноста, напад на службено лице во вршење работи од областа на безбедноста, самовластие, насилство и по други основи, тој бил и условно затворски осудуван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа


