| четврток, 6 декември 2018 |

Реал добил понуда од Барса за Ди Марија

Фудбалскиот клуб Барселона наводно испратил понуда од 60 милиони евра за фудбалерот на Реал Мадрид Анхел Ди Марија.

Како што пренесува каталонскиот весник „Спорт“, Барса сака да ги испровоцира лидерите на најголемиот ривал, поради фактот што се откажуваат од еден од најдобрите фудбалери и велат дека Ди Марија одлично би се вклопил со Меси.

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез не го менува својот став кога станува збор за продажба на играчи на најголемиот ривал и додаде дека не постои ниту еден процент Ди Марија да се пресели на „Ноу Камп“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top