Федералниот суд во САД ја намали на речиси половина сумата од една милијарда долари отштета, која компанијата „Самсунг електроникс“ треба да ја плати на „Епл“ за нарушување на правата за дизајн и техлогијата на популарни смартфони и таблет компјутери.
Судијата Луси Кох од судот во Сан Хозе ја намали за 450,5 милиони долари отшетата за „Епл“, при што „Самсунг“ сега ќе треба да плати 600 милиони долари. Таа додаде дека било утврдено оти биле допуштени грешки во процесот.
Судијата нареди да се започне нов процес во однос на обвинувањата на „Епл“ дека од компанијата „Самсунг“ ги краделе нивните идеи во повеќе од 12 модели на смартфони и таблети, вклучувајќи го хитот „Самсунг галакси“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.