Актуелниот шампион на Германија Баерн Минхен вечерва против Волфсбург ја почнува одбраната на титулата во Бундес лигата.
Избраниците на тренерот Пеп Гвардиола и во новото првенство се најголеми кандидати за нова шампионски пехар, додека шанса ќе очекува и Борусија Дортмунд, која во рамките на германскиот Супер куп пред десетина дена го победи Баерн. Дуелот со Волфсбург од првото коло се игра на „Алијанц Арена“ со почеток во 20:30 часот.
На другите дуели од воведното коло утре играат: Ајнтрахт Франкфурт – Фрајбург, Хановер – Шалке, Херта – Вердер, Хофенхејм – Аугсбург, Келн – Хамбургер и дербито Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен.
Во недела на програма се натпреварите: Падерборн – Мајнц и Борусија Менхенгладбах – Штутгарт
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.