Изминатата недела во Велес и во Велешко на лицитација со електронско јавно наддавање се продадени 11 плаца за изградба на погони за малото стопанство.
Како што информира на денешната прес-конференција градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, петте плаца се во населбата Тунел, два во новиот дел на Велес, додека шест парцели се во Индустриската зона Караслари, кои се поголеми по површина и на кои ќе се градат капацитети за лесна и незагадувачка индустрија.
Чадиев информираше дека се продадени и пет парцели во градското подрчачје наменети за домување. Новите сопственици, кои дале најповолна понуда, ќе добијат маркичка за градење станбен објект за домување.
Чадиев истакна дека меѓу компаниите има и една странска, но дека по законскиот рок од 15 дена за жалба ќе ги соопштат сопствениците и цената по која се продадени.
Најави дека наскоро Општина Велес ќе почне и постапка за нова индустриска зона кај село Мамутчево, која на површина од преку 40 хектари ќе биде најголема во Велешко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


