Фудбалерот на Бастија Брандао е суспендиран од страна на фудбалската федерација на Франција по инцидентот пред соблекувалните по натпреварот ПСЖ – Бастија.
Брандао во текот на натпреварот на неколку наврати имаше вербален дуел со Италијанецот во редовите на ПСЖ Тијаго Мота, но не издржа и со удар со глава по завршувањето на натпреварот му го скрши носот.
Неговиот клуб соопшти дека евентуалната казна за играчот ќе ја чека од фудбалската федерација на Франција додека тие нека да го суспендираат.
По неколку дена од инцидентот се огласи и федерацијата која го суспендираше фудбалерот до 18 септември, кога треба да биде сослушан. По овој разговор се очекува ригорозна казна за Брандао.
Претседателот на ПСЖ Насер Ал Келаифи ги повика челниците на федерација да изречат доживтна казна за „тепачот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


