Европската комисија останува на својата препорака и барање од Европскиот совет на Македонија да и додели датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија, бидејќи земјата ги исполнува сите критериуми, независно од тоа што опозицијата одлучи да го бојкотира парламентот.
– Препораката на Европската комисија да и се додели датум за почеток на преговорите за челнство на поранешната југословенска Република Македонија во Европската унија останува. Земјите-членки на ЕУ во заклучоците на декемврискиот Европски совет јасно поставија јасен распоред и какви чекори се очекуваат од ПЈР Македонија, односно што да се стори за земјата да добие поволен извештај- изјави портпаролот на Комисијата, Петер Стано.
Во врска со тоа кога точно Комисијата ќе го објави пролетниот извештај за Македонија, од кој ќе зависи дали на јунскиот Самит на Советот ќе добиеме почеток на пристапните преговори, портпаролот Стано вели дека се уште нема прецизен датум, но дека тоа би било напролет.
Извештајот на Комисијата ќе биде комплетиран некаде по завршувањето на локалните избори што во Македонија ќе се одржат на 24 март. Крајот на месец април и почетокот на мај се очекува да биде дадена оценката на ЕК за Македонија. Истите извори потврдуваат дека однесувањето на опозицијата ќе биде забележано и развојот на политичката ситуација кај нас ќе влијае на извештајот и на препораката.
Барањето за нови предвремени парламентарни избори во Македонија, во Брисел го коментираат како непотребно оти тоа ќе го одвлече вниманието на државата од клучните приоритети каква што е евроинтеграцијата на земјата. Сепак, во Унијата потенцираат дека право на секоја држава е да одлучи кога и како да одржува избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ЕК бара од осум членки на ЕУ да преземат мерки против перењето пари
-
ЕУ бара Грција да врати 55 милиони евра од помошта за „Хеленик дифенс системс“
-
ЕК ја чека одлуката на Пуџдемон за да се изјасни за Каталонија
-
Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер со шокантно признание: Прашокот за перење и „нутелата“ не се исти…


