Германија, Франција и Велика Британија поднесоа предлог-резолуција до Советот за безбедност на Обединетите нации, со барање за формирање на набљудувачка мисија на ОН во Појасот Газа, како и за отворање на граничните пунктови кон енклавата.
Предлог-резолуцијата бара и укинување на економските и хуманитарните ограничувања во Појасот Газа, како и враќање на контрола над регионот од страна на палестинската власт. Документот предлага и ембарго за оружје за Појасот Газа со исклучок на продажба со дозвола на палестинската власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


