Властите во Саудиска Арабија осудија на затвор 18 лица за тероризам. Казните меѓу 10 месеци и 25 години затвор се врз обвиненија за финансирање на терористички акции, собирање на информации за места каде претстојуваат странци, обезбедување на бегалци и незаконско поседување оружје. Групата била дел од 50-члена терористичка ќелија, која е одговорна за напади за соборување на монархијата, извршени пред една деценија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


