| четврток, 6 декември 2018 |

Во шоуто на „Викторија сикрет“ може да се учествува со „само“ 10 илјади фунти

На 2 декември за првпат во Лондон ќе се одржи шоу на „Викторија сикрет“. Спектаклот на „ангелите“ е настан што во светот важи за еден од најгламурозните во модната индустрија. Тоа што засега е познато е дека секој може да си купи билет и да седи заедно со славните, но само доколку може да си дозволи да плати 10 илјади фунти за билет . Тие, пак, што сакаат да присуствуваат и на забавата по настанот и да се дружат со топ-моделите ќе треба да доплатат уште две илјади фунти, а во цената е вклучен и престој во луксузен хотел.

Добро е познато дека на шоуто присуствуваат голем број јавни личности, пред сè, од посилниот пол, од кои дел имаат девојки или жени што чекорат меѓу „ангелите“. Досега од првите редови сме ги виделе Бијонсе, Орландо Блум, Адам Левин, Лени Кравитз, Ева Лонгорија и други. Секако, за сите други останува шоуто да се погледне на телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top